Свет

Повеќе од 400 несреќи во Баварија поради снег, се превртуваа камиони

Обилните снежни врнежи предизвикаа проблеми во некои делови од Германија, а во јужна Баварија се регистрирани неколку стотици сообраќајни несреќи на заледени патишта. Камиони се превртени, додека автопатот кон Австрија беше затворен за сообраќај.

Полицијата во Горна Баварија регистрираше повеќе од 400 сообраќајни несреќи, пишува денес „Билд“. Во Долна Баварија, полицијата и противпожарните служби интервенираа во околу 80 случаи поради снег и мраз. Автопатот А93 кон Австрија беше затворен поради снежни врнежи, а граничните контроли беа на сила.

Во близина на Иршенберг, камионот удрил во централната заштитна ограда на патот. Сообраќајните метежи беа дополнително влошени од затворањето на автопатот А93.Многу несреќи се предизвикани од несоодветна опрема на возилата, објавија германските медиуми. Имено, возачите на автомобили, камиони и автобуси не ги замениле летните гуми со зимски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons