Димитриевски правеше чуда на голот на Валенсија против својот поранешен тим
Валенсија со 1-0 победи на гостувањето кај Рајо Ваљекано, а нашиот Столе Димитриевски беше еден од најзаслужните за трите бода.
Ова беше дуел на Димитриевски против својот поранешен клуб, Рајо Ваљекано.
Столе се истакна со неколку фантастични одбрани и не дозволи неговата мрежа да се затресе.



