Ѓоковиќ првпат загуби од Хуркач, пораз на стартот во Шангај
Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Пекинг, но загуби уште во првиот меч во Шангај, српскиот тенисер беше поразен од Хуберт Хуркач во два сета.
Ѓоковиќ во Пекинг се прикажа во фантастино светло, на патот до титулата го победи и тенисерот на годината, Александер Зверев, но во Шангај приказната беше поинаква.
Хуркач победи ралативно лесно со 6-4 и 6-3, со по еден освоен брејк во двата сета. Мечот траеше час и половина.
Интересно, ова е прва победа на Хуркач над Новак Ѓоковиќ, претходно Србинот осум пати триумфираше против овој тенисер.



