Спорт

Непријатен момент: Ѓоковиќ погоден во глава додека делеше автограми

Новак Ѓоковиќ доживеа непријатна ситуација по тренингот во Пекинг, кога додека им даваше автограми на навивачите беше погоден со капа во главата.

Откако го заврши тренингот, Новак Ѓоковиќ отиде да им подели автограми на присутните навивачи, во еден момент еден од гледачите фрли капа кон Србинот која го погоди директно во глава.

Ѓоковиќ беше изненаден, со реакцијата покажа дека не му е сеедно од тоа што се случи, но не реагираше бурно.

Сцената потсети на непријатниот инцидент од Рим во 2024 година, кога Ѓоковиќ беше погоден во главата со шише додека потпишуваше автограми. Тогаш падна на земја и имаше вртоглавица и исеченица, поради што му беше извршен лекарски преглед.

Ѓоковиќ се врати во Пекинг по 11 години, а на турнирот ќе настапи како шести носител. Во првото коло ќе игра против Португалецот Нуно Боржеш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons