Трајко Бојковски призна дека ги извршил некои од убиствата кои му се ставаат на товар
Осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане, Трајко Бојковски на денешното рочиште во Основниот суд Куманово призна дека извршил три, од четири убиства колку му се ставаат на товар.Како вешто лице сведочеше проф др. Стојан Бајрактаров, специјалист психијатар и форензички психијатар, кој извршил стручен наод за состојбата на обвинетиот.
Констатирано е дека се работи за лице со ограничени интелектуални капацитети, што е на граница меѓу лесна и нормална интелектуална способност. Бајрактаров рече дека обвинетиот давал и описи на одредени дејствија.
„На пример знаеше да го опише настанот кога избегал од куќата на Слоботка затоа што наишол бел автомобил затоа што знаел дека нејзиниот син има бел автомобил, па претпоставил дека тоа е син ѝ, се исплашил и избегал“, кажа вештото лице.
Завршните зборови се закажани за 6 октомври. На територија на Општина Старо Нагоричане, беа убиени неколку жени. Бојковски напаѓал постари жени кои живееле сами. Само една од жртвите за чие убиство се товари Бојкоски е помлада жена.



