Променливо облачно и ветровито време, наместа слаб дожд
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Во западните планински региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а долж Повардарието ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 7 до 15 Целзиусови степени, а максималните ќе бидат од 20 до 32 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.



