Седлоски одбра, Македонија со четири дебитанти за натпреварите во Лигата на нациите
Фудбалската репрезентација на Македонија во завршницата на септември и почетокот на октомври ја очекува исклучително напорен период, со четири натпревари во Лигата на нациите во само 11 календарски дена.
Нашата селекција за првпат ќе настапува во Б конкуренцијата, што носи нов предизвик, но истовремено и сериозен товар поради густиот распоред. Македонија во краток период ќе ги одмери силите со Швајцарија, Словенија и Шкотска.
Селекторот Гоце Седлоски за овој циклус објави проширен список на кој се најдоа дури 28 фудбалери, од кои четири се дебитанти. За првпат со националниот тим ќе бидат Христијан Малески, Матеј Гаштаров, Анес Меличи и Ѓорѓе Џеков.
- Список на Седлоски за натпреварите на Македонија:
Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар);
Одбрана: Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Андреј Стојчевски (Словачко, Совачка), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Дин Аломеровиќ (УТА Арад, Романија);
Среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Тихомир Костадинов (Словачко, Словачка), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија);
Напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Бојан Миовски (Ренџерс, Шкотска), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга Трим Љум);
Македонија на 26 септември игра дома со Швајцарија, па три дена подоцна гостува во Словенија. На почетокот на октомври, поточно на 3 ја дочекуваме Шкотска, а веќе на 6 гостуваме кај Швајцарците.



