Македонија

Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во попладневните часови на територијата на Македонија.

Според првичните податоци од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот се случил во 14:29 часот, а епицентарот бил на длабочина од околу 15,3 километри.

Засега нема информации за евентуална материјална штета или за повредени граѓани.

Од сеизмолошките служби потсетуваат дека првичните податоци за магнитудата, длабочината и точната местоположба на земјотресот се подложни на дополнителни корекции по завршувањето на деталните анализи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons