Хуан Мата стави крај на фудбалската кариера
Хуан Мата на 38-годишна возраст стави крај на професионалната кариера.
Шпанецот последната сезона ја мина во Мелбурн Виктори, каде што беше прогласен за најдобар фудбалер во австралиското првенство. Иако се повлече од играњето, Мата ќе остане во клубот како еден од сопствениците и ќе има функција во управувањето.
Во кариерата настапуваше за Валенсија, Челзи, Манчестер Јунајтед, Галатасарај, Висел Кобе и други клубови, а со Челзи во 2012 година ја освои Лигата на шампионите.
За репрезентацијата на Шпанија одигра 41 натпревар и постигна десет гола, а беше дел од тимот кој ги освои Светското првенство во 2010 и Европското првенство во 2012 година.



