Шелтон го исфрли Алкараз од УС Опен
Американскиот тенисер, Бен Шелтон, го победи Алкараз на УС Опен и се пласира во полуфиналето на големиот грен-слем турнир, мечот се играше во пет сета.
Мечот се играше четири и пол часа и траеше до 3:37 часот по полноќ во локално време, со што стана најдоцна завршениот меч во историјата на УС Опен.
Алкарз почна добро, го доби првиот сет по тајбрејк и поведе со 1-0. Но, следуваа два убедливи сета на Шелтон од 6-1 и 6-3 за комплетен пресврт и водство на Американецот од 2-1.
Но, Алкараз не се предаде, одговори со сет од 6-1 и израмни на 2-2. Мечот отиде во петти, решавачки сет, а тој беше крајно неизвесен.
Беше 6-6, па супер-тајбрејк го одлучуваше победникот, Шелтон го доби со 10-7 и дојде до голема победа за место меѓу четирите најдобри.
Таму ќе игра со неговиот сонародник, Тиаго кој со 3-2 беше подобар од Микелсен



