Македонија

За три дена превезени околу 1.500 патници – голем интерес кај скопјани за возење со градскиот воз

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше за постоење на голем интерес кај граѓаните за користење на градскиот воз, кој за само три дена превезел околу 1.500 патници.

Тој очекува бројот на патници значително да се зголеми во наредниот период и да надмине 100.000 корисници.

„За три дена градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници“, посочи Николоски.

Првата линија од проектот „Градски воз“ официјално почна да сообраќа на 1 септември и ги поврзува Зелениково и Скопје. Линијата е долга околу 25 километри, а патувањето до Железничката станица во Скопје трае околу 25 минути. Возот застанува на станиците Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче.

Цената на билетот за едно патување е 40 денари, додека повратниот билет чини 70 денари. Возниот ред предвидува повеќе дневни поаѓања во двата правца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons