Полициска „шкода“ се судри со патничко возило во Скопје, повредени тројца службеници на МВР
Тројца полициски службеници се повредени при судир на полициската „шкода“ со која се превезувале со патничко возило на скопски булевар.
– На 03.09.2026 околу 13:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мг“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(29) од Кичево и патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од Н.Ѓ.(31) од Скопје. При тоа, со телесни повреди се здобил возачот на возилото „шкода“ и неговите сопатници Т.Џ.(35) од село Батинци, скопско и П.Т.(35) од Скопје, сите полициски службеници, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информираа од МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.



