МакедонијаНајново

Влезниците за концертот на Дејвид Гета ќе треба да се заменат со нараквици најдоцна до понеделник

Посетителите кои имаат купено влезница за концертот „David Guetta – The Monolith Show“, кој ќе се одржи на 8 септември по повод 35 години независност, задолжително треба да ја заменат влезницата за нараквица.

Од „Авалон“ информираат дека замената ќе се врши во Градскиот парк – „Вембли“ во Скопје, во специјално поставени куќарки, во следните термини:

  • 4 септември: од 16:00 до 20:00 часот;
  • 5 септември: од 12:00 до 20:00 часот;
  • 6 септември: од 12:00 до 20:00 часот;
  • 7 септември: од 12:00 до 20:00 часот;

При замената, посетителите задолжително треба да ја понесат влезницата, во физичка или електронска форма, како и лична карта или друг документ за идентификација на лицето кое ќе ја носи нараквицата.

Нараквицата ќе биде ставена директно на раката на лицето кое ќе присуствува на концертот. Таа не може да биде преземена од едно лице и потоа предадена на друго.

Откако ќе биде поставена, нараквицата мора да се чува до денот на концертот и не смее да се отстранува, оштетува или менува. Во случај на оштетување или отстранување, нема да биде издадена нова нараквица и нема да биде дозволен влез на концертот.

Организаторот нагласува дека единствениот услов за влез на концертот на 8 септември ќе биде посетителот да има исправна нараквица на раката. Оригиналната влезница по замената повеќе нема да може да се користи за влез, бидејќи нејзиниот баркод автоматски ќе биде блокиран.

За оние кои имаат влезница за нумерирана трибина, важно е таа да се зачува и по замената со нараквица. Влезницата ќе биде потребна за пронаоѓање и користење на резервираното место.

За дополнителни информации, посетителите можат да се обратат до организаторот или да се информираат преку официјалните канали на проектот „35 години независност“.

Посетителите се предупредуваат да бидат внимателни при купување влезници од трети лица и неофицијални извори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons