Спорт

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија

Каратистот Матеј Белистојановски го донесе првиот златен медал за македонската репрезентација на Медитеранските игри 2026.

Белистојановски беше супериорен во финалната борба во категоријата до 67 килограми и го совлада Хрватот Берак со 6-0 на поени.

На патот до златниот медал, македонскиот каратист ги совлада Алмасалмех од Сирија (6-1), Лука Мареска од Италија (2-0) и Гркот Балиотис со 5-1.

За Македонија ова е шести медал на Игрите во Таранто по двете сребра и трите бронзи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons