Сончево и многу топло, попладне опасност од невреме
Денес времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне, на места ќе има зголемена облачност и услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално се очекува и изолирано невреме со силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе се движи од 13 до 21 степен, додека максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.
Во Скопје денес ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 20 степени, а максималната ќе достигне 37 степени.



