Почина поранешниот естонски премиер и татко на Каја Калас
Поранешниот премиер на Естонија и европски комесар Сиим Калас почина на 77-годишна возраст.
„Со голема тага објавувам дека мојот драг татко Сиим Калас почина синоќа“, објави неговата ќерка Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, на Инстаграм.



