Температурите денеска до 35 степени – Во делови од земјава ќе има дожд и грмотевици
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.



