Спорт

Далиќ презеде нова репрезентација и стана најплатениот хрватски тренер во историјата

Хрватскиот стратег Златко Далиќ по девет години на селекторската позиција на Хрватска од денеска има нов предизвик. Искусниот тренер и официјално е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати.

Далиќ договорот го постигна пред неколку дена, а денеска неговиот ангажман беше официјално потврден и од Фудбалскиот сојуз на ОАЕ.

За Далиќ ова не е првпат да работи во оваа земја. Тој претходно беше тренер на Ал-Аин, со кој оствари значајни резултати, а сега се враќа во ОАЕ, но овојпат на најважната функција во тамошниот фудбал.

Хрватскиот тренер ќе заработува дури пет милиони евра годишно, без вклучени бонуси, со што убедливо ќе стане најплатениот хрватски тренер во историјата.

Неговата плата ќе биде речиси трипати поголема од онаа што ја имаше како селектор на Хрватска. Далиќ во стручниот штаб на ОАЕ ќе донесе и неколку свои соработници од Хрватска.

Со него треба да работат Даниел Субашиќ и Бранко Иванковиќ, додека понуди добиле и Дражен Ладиќ и Ведран Ќорлука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons