Магазин

Што е здрав појадок според лекарите од Харвард?

Доколку секојдневно за појадок избирате пекарски производи, бидете подготвени на последици како дебелина, недостиг на енергија, замор и раздразливост.

Лекарката Моник Тело од Универзитетот Харвард тврди дека палачинките, мафините и колачите дефинитивно не се добар избор за утрински оброк. Слатките појадоци често содржат преработени јаглехидрати и шеќери, додека оброците богати со растителни влакна, протеини и здрави масти се многу подобри за здравјето.

Тие помагаат подолго да останеме сити и нивото на шеќер во крвта да остане стабилно. Лекарката Тело сподели еден од своите омилени предлози за појадок. Идеалната комбинација е оброк што е здрав, заситувачки и брз за подготовка.

Таа сака појадок од три состојки, во кој главна ѕвезда е омиленото овошје. Истакнува дека сака да користи замрзнато овошје бидејќи е поевтино и достапно во текот на целата година. Овошјето е богато со витамини и антиоксиданти.

Важно е да знаете кое овошје има низок гликемиски индекс, што значи дека не предизвикува ненадеен скок на шеќерот во крвта. Тука спаѓаат јаболката, крушите, портокалите, јагодите, праските, сливите и кајсиите. Од друга страна, бананите и грозјето треба да се ограничат, особено ако имате проблеми со висок шеќер во крвта.

Овошјето најдобро се комбинира со јогурт, кој е одличен извор на протеини и пробиотици. Доктор Тело советува да се избегнува јогурт без маснотии, бидејќи мала количина маснотии може да биде корисна за здравјето.

Здрави масти обезбедуваат и јаткастите плодови, па ваквиот појадок може да се збогати со грст омилени јаткасти плодови или семки. Лекарите најчесто избираат бадеми или индиски ореви.

„Јаткастите плодови се богати со здрави масти и влакна, а покрај тоа обезбедуваат и енергија“, заклучи лекарката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons