Спорт

Шоу на Меси, два гола и асистенција

Интер Мајами со 4-2 го победи мексиканскиот тим Атлетико Сан Луис, главна ѕвезда на теренот беше Лионел Меси.

Мексиканците поведоа со гол на Родригез уште во четвртата минута, а потоа на сцена стапи Меси.

Само седум минути подоцна Меси постигна гол за израмнување на 1-1.

До крајот на првото полувреме Интер Мајами буквално го уништи својот противник. Најпрво Шеговија даде гол за 2-1, а потоа Меси со својот втор гол зголеми на 3-1.

Пред паузата Меси беше во улога на асистент, а голот го постигна Микаел за 4-1.

Конечните 4-2 беа дело на Љоренте по шест минути игра во вториот дел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons