Жена избоде четири лица во центарот на Лондон
Една жена е уапсена откако со нож прободе четворица мажи во центарот на Лондон, соопшти британската полиција.
Инцидентот се случи во лондонскиот кварт Ковент Гарден, а жената е приведена поради поседување оружје и напад.
На нападнатите им е пружена медицинска помош на местото на инцидентот, а потоа се одведени во болница.
Полицијата соопшти дека инцидентот е поврзан со менталната болест на жената.



