Спорт

Победа во Луксембург за перфектни претквалификации на Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација со шест победи од шест натпревари ја заврши првата фаза од претквалификациите за ЕП 2029 година откако денеска славеше во Луксембург со 80-66.

Македонија во минатото коло ја завери првата позиција, па денешниот меч против Луксембург беше без резултатски императив поради што селекторот Жозеп Мариа Берокал настапи со комбиниран тим. Андреј Јакимовски не ни отпатува, а Војдан Стојановски немаше потреба да влезе.

Денеска дебитираше новиот странец, Нејт Сестина, а играа и оние кои претходно немаа голема минутажа.

Македонските кошаркари водеа од првиот до последниот момент, победата не беше доведена во прашање. Конечниот резултат на крајот гласеше 80-66 за нас.

Најефикасен беше нашиот нов Американец, Сестина кој постигна 18 поени, Ташовски реализираше 16, а двоцифрени беа и Ѓуроски со 13 поени, како и Какруки и Ефремовски со по 12.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons