Македонија

(Видео) Голем пожар во центарот на Скопје, густ чад се издига над Јужен булевар

Голем пожар попладнево избувна во објект на Јужен булевар, во скопската општина Кисела Вода, во близина на Пазарната инспекција и населбата Рампа.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека гори магацин или друг простор, а црн чад се гледа од поголема далечина.

„Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија. Црниот чад се гледа оддалеку“, изјави Ангелов.

На терен се екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, кои веќе интервенираат во гаснењето на пожарот. На местото има повеќе противпожарни возила и едно амбулантно возило, а според информациите од терен, се сечат и дрвја за да се овозможи пристап и да се спречи ширење на огнот.

Мирис на изгорено се чувствува низ повеќе делови од Кисела Вода.

Ова не е прв поголем пожар во поширокиот реон на Рампа. Во септември 2022 година, неколку бараки беа зафатени од пожар во близина на Рампа, на територијата на Општина Центар. Тогаш, на новинарско прашање дали пожарот можеби бил намерно подметнат за на местото на бараките да се гради зграда, градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, изјави дека од такво нешто нема потреба, бидејќи за просторот постои важечки Детален урбанистички план. Неколку месеци подоцна, на местото на изгорените бараки започна изградба на зграда.

https://www.facebook.com/share/r/1D6TZ9neLT/?mibextid=wwXIfr

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons