Спорт

Филип Симоновски со златен медал на Балканското теквондо првенство

Теквондо клубот Младост има балкански шампион во олимписки теквондо во категоријата до 57 килограми на Балканското првенство во Зрењанин, Србија.

Филип Симоновски по три одлични борби и победи против високо рангирани противници се закити со титулата балкански шампион.

На овој настан учествува повеќе од 900 натпреварувачи од повеќе од 20 земји.

Ова е продолжување на успесите на Симоновски на меѓународните натпреварувања, претходно годинава во мај го освои бронзениот медал на турнирот „Астерикс Куп Е3“ во Србија во категоријата кадети -57 кг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons