Приведена жена од скопско која била агресивна кон нејзиниот сопруг
На 20.06.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 33-годишна жена од скопско, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 36-годишен сопруг, со кој се во бракоразводна постапка, дека во семејниот дом агресивно се однесувала кон него и му упатила закани.
Подоцна, во 23:30 часот, 33-годишната жена пријавила дека во семејниот дом, по кратка расправија, била физички нападната од нејзиниот 36-годишен сопруг, кој употребил и тврд предмет.



