Летово 230 скопски средношколци бесплатно ќе одат во Охрид, Град Скопје организира едукативен камп
Од Град Скопје за „Слободен печат“ соопштија дека кампот ќе биде бесплатен и предвидениот капацитет е 230 ученици кои ќе престојуваат во одморалиштето „Радости“ во Свети Стефан, а селекцијата за тоа кој ученик ќе учествува на овој камп ќе ја прават средните училиште, а предност ќе имаат учениците со посебни таленти и достигнувања, спортисти и ученици на кои им е потребна поддршка.
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информираше дека летово од 19 до 31 август Градот организира едукативен летен камп за учениците од скопските средни училишта во Охрид.
Организираме летен камп за учениците од средните училишта во Скопје. Ова лето, Охрид ќе биде место каде нашите средношколци ќе учат поинаку, ќе размислуваат послободно и ќе создаваат нови пријателства и искуства кои се паметат. Од 19 до 31 август, организираме летен наставно-научен едукативен камп за учениците од средните училишта во Скопје- сподели Ѓорѓиевски.

Од Град Скопје за „Слободен печат“ соопштија дека кампот ќе биде бесплатен и предвидениот капацитет е 230 ученици кои ќе престојуваат во одморалиштето „Радости“ во Свети Стефан. Селекцијата за тоа кој ученик ќе учествува на овој камп ќе ја прават средните училиште, а предност ќе имаат учениците со посебни таленти и достигнувања, спортисти и ученици на кои им е потребна поддршка.
Кампот ќе биде бесплатен за средношколците. Предвиден е капацитет од 230 ученици, кои ќе престојуваат во одморалиштето „Радости“ во Св. Стефан, Охрид. Селекцијата на учесниците ја спроведуваат средните училишта според однапред утврдени критериуми, меѓу кои се ученици со посебни таленти и достигнувања, успешни спортисти, како и ученици на кои им е потреба поддршка. По завршувањето на селекцијата, училиштата ги доставуваат листите до надлежните служби во Град Скопје- брифираат од Градот.
Ѓорѓиевски додаде дека кампот ќе понуди научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културно-историски посети, спортски активности и останати содржини.



