Македонија

Изминатото деноноќие уапсени 23 возачи – од нив 21 возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило – 21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол, информираат од МВР.

Осум лица во Скопје (еден малолетник) возеле без возачка дозвола, четири во Гостивар (еден малолетник), двајца во Кичево и по еден во Тетово, Куманово, Кочани, Неготино (малолетник), Валандово, Битола и Прилеп. По едно лице во Битола и Штип управувале возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, порачаа од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons