Маркез го освои спринтот во Унгарија
Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез продолжи со доминацијата, првото место во квалификациите го зачини и со победа на спринт трката во Унгарија.
Тоа беше негова трета победа по ред на патеката, откако минатата година славеше и на спринтот и на главната трка.
Маркез зад себе го остави Педро Акоста, додека третото место му припадна на Марко Бецеки.



