МакедонијаНајново

Ги фатиле како крадат дрва, па едниот со моторна пила нападнал полицаец и избегале

Синоќа во 21:30 часот во село Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишиле од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од Црнилиште.

Од МВР информираат дека претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на село Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како бесправно сечат огревни дрва, при што агресивно се однесувале кон полициските службеници, а Џ.Т. со моторна пила нападнал еден од полициските службеници, по што се дале во бегство.

„По преземени мерки, Т.Т. и Џ.Т. се лишени од слобода и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок“, посочија од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons