Манасиевски: Изјавата на Рубин Земон е показател за пристапот на СДС кон македонските национални интереси под раководство на Филипче
Желбата на СДС да дојдат на власт е толку голема, до степен да негираат се што е македонско, да прифаќаат услови од земји кои што ја ветоизираат Македонија и и го попречуваат патот кон ЕУ.
Членот на Извршниот одбор на СДС, Рубин Земон, во јавен настап на поткаст отворено изјави дека дебатата за македонскиот идентитет не е релевантна, а Гоце Делчев го опиша како мит, тврдејќи дека не оставил никаков запис и не извојувал ниедна битка.
Рубин Земон е инаку поранешен функционер од редовите на СДС, кој очигледно според оваа изјава само потврдува дека во СДС постои континуитет на вакви ставови.
За нив ништо не значат македонскиот идентитет, јазикот, како и македонските национални интереси, туку тие само се теми за политичко пазарење.
Не им пречи тоа што, доколку би се спровеле уставните измени, нема гаранција за Македонија дека тоа ќе биде последната пречка на патот кон ЕУ.
Напротив, Филипче вели дека уште веднаш е подготвен да потпише и во највискиот орган на СДС, поставува луѓе кои се подготвени да ја релативизираат македонската историја, и испраќа пораки на подготвеност за отстапки кои допираат до самите темели на државноста.
Рубин Земон, е само уште еден доказ дека за Филипче не постои никаква црвена линија.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=3g0AEHLcr-E
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



