Манасиевски: (ВИДЕО) Членот на ИО на Филипче и Заев, Рубин Земон тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет
Членот на ИО на Филипче и Заев, Рубин Земон тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет.
Директорот на Центарот за напредни истражувања на СДС и сегашен член на ИО, Рубин Земон, кој е исто така и поранешен посебен советник во Владата предводена од Зоран Заев, јавно на социјалните медиуми вели не му е толку важно она што го има направено Гоце Делчев за Македонија и не му е јасно зошто толку македонскиот народ му се восхитува.
Почитувани граѓани, ве замолувам сите да ја проследиме изјавата на Рубин Земон.
https://mail.google.com/mail/u/0?ui=2&ik=473a36d821&attid=0.1&permmsgid=msg-a:r-5655413355038853624&view=att&disp=safe&realattid=f_mojwl9zb0&zw
(ВИДЕО)
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ остро ја осудува оваа изјава на другарот на Заев и Филипче, Рубин Земон, кој јавно и без срам вели дека Гоце Делчев е мит, дека не извојувал ниедна битка и дека не напишал ништо што денес е од важност.
По ова, јасно се гледа дека на СДС воопшто не им е гајле ниту за Македонија, ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонскиот народ.
Очигледно е дека ова не е личен став само на Филипче, туку ова е образец на СДС, и ова е тоа околу што СДС постојано гравитира, релативизација на македонскиот идентитет, отстапки без гаранции, и целосна рамнодушност кон она за што генерации Македонци се бореле и жртвувале.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=wkuS9Zr478Q
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



