МакедонијаНајново

Уапсени девет возачи: Петмина возеле без дозвола, имало и малолетник кој предизвикал сообраќајка

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило.

Од МВР информираат дека од нив, двајца возачи во Скопје и по еден во Гостивар, Тетово и Штип управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Тетово бил малолетник и предизвикал сообраќајна незгода, додека возачот во Штип, освен без дозвола, возилото го управувал и под дејство на алкохол.

Двајца возачи во Гевгелија управувале возило под дејство на алкохол, а еден возач, исто така, во Гевгелија, управувал возило со активна забрана. Додека, еден возач во Велес управувал возило со многу поголема брзина од дозволената.

Од таму додаваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons