Дарио Ивановски победи на полумаратонот во Дубровник
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжува со одличните настапи.
Македонецот триумфираше на полумаратонот во Дубровник. Ивановски до победата стигна со време од 1:06:30, потврдувајќи ја својата врвна форма.
Само неколку дена претходно, македонскиот олимпиец го освои второто место на маратонот во Белград, каде привлече големо внимание кај тамошната јавност.



