Актуелно

Филозофскиот факултет на магистерски и докторски студии запишувал луѓе без завршени додипломски

Студенти без додипломски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје биле запишувани на магистерски, а потоа и на докторски студии. Откако ова било откриено од Државниот просветен инпекторат и студиите им биле прекинати на запишаните студенти, сега нема кој да им ги врати парите, објави порталот МКД.мк.

Според сознанијата на порталот, се работело за десетина запишани студенти на магистерски и докторски студии, на кои по интервенција на инспекторите им биле прекинати студиите.

Уписот на магистерски студии чини околу 2-3 илјади евра, а на докторските студии на Филозофскиот факултет чини 5-6 илјади евра.

Студентите сега си ги бараат парите назад, но не добиваат никаков одговор од деканатот.

Неофицијално, дел од нив веќе ангажирале адвокати, а по записникот од Државниот просветен инспекторат паниката се преселила во деканатот на Филозофскиот факултет.

Од Министерството за образование одговорија дека по поднесена пријава Државниот просветен инспекторат спровел вонреден инпекциски надзор. Утврдено било дека на Филозофскиот факултет биле запишувани студенти на втор и трет циклус на студии (магистерски и докторски студии) без исполнување на условите предвидени со Законот за високото образование. Оттука, од Инспектаротот се донесени решенија за да се поништат извршените уписи.

Декан на Филозофскиот факултет е Оливер Бакрески, а во периодот кога студентите биле запишувани тој бил продекан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons