МакедонијаНајновоПолитика

Петрушевски: СДС и Филипче живеат во свет на лаги, конструкции и политичка заблуда

СДС и Филипче живеат во свет на лаги, конструкции и политичка заблуда.

СДС и Филипче функционираат во сопствена реалност, паралелен свет во кој поразите ги претставуваат како победи, а фактите ги менуваат со конструкции.

СДС и Филипче ликуваат на победа на избори во друга држава на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак нивната сестринска партија освојува незначителни 1% од гласовите.

СДС и Филипче и натаму не се дистанцираат и оградуваат од Заев и неговите антидржавни политики, туку напротив, негови луѓе му го тераат ПР-от на Филипче.

СДС и Филипче не ја разбраа пораката од граѓаните на парламентарните и претседателските избори, кога освоија само 18 пратеника, најмалку во историјата.

СДС и Филипче не ја разбраа пораката од граѓаните на локалните избори минатата година, кога освоија само 130 илјади гласови. Тие тоа го претставија како огромен успех.

Во нивниот свет на илузии, тие се претставуваат како успешни, иако нивната поддршка е сведена на минимум. Време е СДС и Филипче да се разбудат од оваа политичка фантазија и конечно да се соочат со реалноста.


Линк од видео материјал:

https://youtu.be/a_A9ghZ6PsM

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons