Времето денеска сончево со силен ветер, од понеделник пресврт
Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Сепак, граѓаните треба да бидат подготвени за силни налети на ветерот кои ќе бидат особено изразени долж Повардарието. Во југоисточните делови од земјава, УХМР најавува услови за краткотраен локален дожд проследен со ретки грмежи.
- Утрински температури: од 5 до 11 Целзиусови степени.
- Дневни температури: од 16 до 22 степени.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Живата во термометрите ќе се искачи до 22 степени.
УХМР најавува промена на времето од понеделник во вечерните часови, кога повторно се очекува нестабилност со врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на среда.



