МакедонијаНајново

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР

259 телефонски комуникации биле прислушувани во текот на изминатата година. Пред собраниската комисија за надзор директорката на ОТА го презенираше извештајот за 2025г. Во најголем број корисник на овие мерки за следење на комуникациите било МВР во 182 слуачи, додека ОЈО ГОКК побарале следење за 22 предмети.

Остатокот од вкупниот број се однесува на секторот за безбедност и одбрана чија статистика согласно законот не може да биде јавно презентирана. Покрај редовните контроли врз телекомункациските оператори, директорката потенцира дека се прават и внатрешни надзори за да се спречи злоупотреба на системот.

Според извештајот ОТА  иако лани имала на располагање буџет од 204 милиониденраи, искористиле само 41 процент од парите. Во најголем дел за тековни трошоци и плати, додека само 5отсто биле вложени во нова опрема и модернизација на системот.

Како клучни предизвици за во идниот период Јаничевска вели ќе биде привлекувањето на дефицитарниот стручен кадар но и измени во регулаторната рамка за ОТА да држи чекор со брзиот технолошки развој. По комисиската расправа овој извештај ќе оди на усвојување на пленарна седница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons