Актуелно

Мицкоски: Сите Колективни договори започнаа да се применуваат вклучително и линеарното зголемување и усогласување со минималната плата кај вработените во МВР

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе има зголемување на платите во Министерството за внатрешни работи, изјави:
 
„Оваа година за нас е навистина тешка, посебно со случувањата во Заливот. Нешто за коешто веќе зборував, но тоа е што е, ќе се бориме. Сите Колективни договори коишто имаат обврска од 1 април, веќе започнаа да се применуваат. Вклучително и линеарното зголемување и усогласување со минималната плата кај вработените во Министерството за внатрешни работи. И тие ќе имаат зголемување на личниот доход. Така што како работодавач, ние практично се имаме усогласено со своите колеги во целост, мислам дека 97-98%. Така што можам да кажам дека барем до 2028 година, оној процес којшто го имавме зацртано, го заокруживме.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons