Спорт

Прво место и национален рекорд за Дарија Крстевска

Македонската атлетика доби нов историски ден, на Националното првенство и Куп натпревар на 10.000 метри, двајцата наши атлетичари испишаа нови страници во историјата на македонската атлетика.

Дарио Ивановски освои прво место во сениорска конкуренција и постави нов национален рекорд (сениори) со време од 29:07.11 минути, што е подобрување на рекордот за 24 секунди.

Во женска конкуренција, Дарија Крстевска беше првопласирана кај сениорките и оствари нов национален рекорд (У20) со време од 40:14.11 минути, што е подобрување за над две минути и 30 секунди од претходниот рекорд.

Овие резултати се јасен показател за растот и квалитетот на македонската атлетика, како и за силниот потенцијал на новата генерација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons