Времето денеска сончево и топло, температурите ќе достигнат до 25 степени, од среда пресврт
Денеска во Македонија се очекува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат во интервал од 19 до 25 степени, додека утринските се спуштија до нулата во некои делови.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со слаб северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 25 степени Целзиусови.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат дека стабилното време ќе се задржи до средината на неделата, по што следува промена.
„Со средината на седмицава ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Ќе дува северозападен ветер, кој ќе биде поизразен во среда кога ќе биде засилен до силен и долж Повардарието ќе достигнува брзина од над 70 километри на час.“
За викендот се очекуваат пообилни врнежи од дожд.
„Во среда ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во западните делови. Во четврток ќе преовладува променливо облачно, а во следните два дена облачно со локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.“



