Пронајдено тело со прострелна рана кај Виница, приведени четири лица
Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место во близина на Виница, каде било пронајдено тело на починато машко лице со прострелна рана од огнено оружје.
Според првичните информации, починатиот е идентификуван како ловочувар, кој бил дел од група за комерцијален лов.
Од Обвинителството информираат дека во тек се интензивни истражни дејствија, при што се вршат претреси, како и вештачења на пронајдените траги, со цел целосно расветлување на случајот.
Во рамки на истрагата, задржани се тројца странски и еден македонски државјанин, кои биле дел од групата за комерцијален лов и за кои се утврдува дали имаат поврзаност со пукањето.
„До целосно испитување на настанот, лицата ќе бидат обезбедени“, соопштија од Основното јавно обвинителство Кочани.



