Македонија

Скопје на листата во ТОП 3 европски градови за викенд тури каде може да се ужива за малку пари

Во време кога цените на авионските билети и сместувањето често се високи, а секојдневниот стрес нè тера да посакаме кратко бегство од рутината, викенд-патувањата стануваат сè попопуларен начин за одмор без големи трошоци.

Постојат бројни европски дестинации кои не бараат голем буџет, а нудат доволно содржини за два или три дена вистинско уживање.

Во продолжение е листа на некои од најдостапните градови на Балканот совршени за краток,но богат викенд-одмор.

Скопје, Македонија

Скопје често се наоѓа на врвот на листите кога станува збор за поволна викенд-дестинација. Цените во градот генерално се пониски отколку во Белград, особено кога станува збор за храна, превоз и сместување, што го прави идеално место за кратко и економично патување.

Храната во рестораните и кафулињата е поевтина, а сместувањето во хостели или мали хотели може да биде многу достапно. Дури и кафето во многу локали се плаќа помалку отколку во српската престолнина, додека јавниот превоз е исто така поевтин. Градот се одликува со богата историја, гостопримливи луѓе и одлична кујна. Покрај модерната атмосфера, стариот дел на градот – Старата скопска чаршија – нуди автентично доживување со бројни историски знаменитости.

Останатите градови кои го делат изборот со Скопје на Женски Магазин

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons