Актуелно

Започна ли „сезоната“ на пожари на отворено?

Центарот за управување со кризи, веќе во средината на март започна со дневните информации за пожари на отворено. Денеска, до 13 часот интервенирано е со гаснење на три пожари во различни региони низ Македонија.

Во Битолскиот регион, пожарот во дабова шума на планината Бигла, кој избувна на 13 март, во 12:30 часот во близина на манастирот „Св. Димитрија“ во село Смилево, Општина Демир Хисар, утрово е локализиран од страна на ПШС „Бигла“ – Демир Хисар. На терен се ангажирани 5 вработени од ПШС „Бигла“ и 2 пожарникари од ТППЕ Демир Хисар, информираат од ЦУК.

Денеска во Струмички регион, ТППЕ Гевгелија од 11:05 часот интервенира на запалена трска во поле во атарот на село Богородица, Општина Гевгелија. Во интервенцијата се ангажирани двајца пожарникари со едно противпожарно возило.

Пожарот во Охридскиот регион, на планината Јабланица е локализиран. Утрово во гаснењето интервенираше и хеликоптер на Армијата, кој изврши 16 прелети и исфрли 16 ведра вода, дејствувајќи околу 3 часа. Во гаснењето учествуваа и ТППЕ Струга, како и 12 лица од ЈП „Национални шуми“ – Јабланица, Струга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons