Жена скокна од зграда со дете во рака во Карпош, починаа на лице место
Мајка со дете во рака се фрли од зграда во Карпош денес околу 14 часот. Според информациите од местото, тие починале на лице место. Екипата на МКД.мк зборуваше со очевидци и соседи од зградата каде живеела жената. Тие велат дека таа била малтретирана од сопругот, ама надлежните не ја заштитиле.
На лице место се полициски екипи и се врши увид, по што ќе се утврдува и идентитетот на починатите лица.



