Превц победи во Кулм и го надмина рекордот на својот брат
Домен Превц испиша нова историја на скокалницата во австриски Кулм.
Превц во финалната серија скокна 245,5 метри, што беше нов рекорд.
Словенецот претходно имаше одличен обид од 238 метри во првата серија. Сепак, вистинската експлозија следеше во втората, кога го надмина досегашниот рекорд на својот брат Петер Превц за 1,5 метри и го симна од врвот резултатот стар една деценија.
Со овој лет, Домен уште еднаш потврди дека е еден од најдоминантните ски-скокачи во Светскиот куп, а за него ова беше шеста победа во низа.



