Актуелно

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

„За ЕУ ние нема да водиме мекотелна политика, сто пати ви кажав“, му рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски на лидерот на СДСМ Венко Филипче на денешната седница за поставување на пратенички прашања.

Мицкоски му порача на Филипче дека е мекото ткиво на македонскиот национален идентитет.

„Нема да водиме мекотелна политика. Вие сте мекото ткиво и се додека давате вакви изјави, ќе имаме политичари од Бугарија кои што ќе знаат дека има меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Не можете ништо со тоа да постигнете. Ќе останете запаметен во историјата како човекот кој што бил мекото ткиво и партијата која што била мекото ткиво на македонскиот национален идентитет. Не ви го советувам тоа.  Знаете што значи да останете запаметен во историјата од Охрид сте, знаете кој ги предавал и како ги предавал моштите“, дециден е Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons