Трагедија: Во сообраќајка на патот од Виница кон Берово загина загина 34-годишен возач
Ноќеска околу 00.20 часот во ОВР Виница било пријавено дека на регионалниот пат на излез од Виница кон Берово, патничко возило „сеат ароса“, со винички регистарски ознаки управувано од М.М.(34) од село Крушево, виничко излетало надвор од коловозот.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата на местото на настанот починал возачот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.



