Јана Атанасовска не ја заврши ниту слаломската трка на ЗОИ
Со настапот на Јана Атанасовска на слаломската трка, завршија настапите на Македонците на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Младата скијачка не успеа да ја заврши трката ниту во најтехничката дисциплина во овој спорт. Атанасовска по неколку „капии“ загуби контрола и излета од патеката. Со тоа таа ја загуби можност за настап на втората трка во оваа конкуренција.
Претходно Атанасовска настапи и на трката во велеслалом, но и тогаш не успеа да забележи време.
Наши олимпијци на овие игри претходно беа уште Виктор Петков, Ставре Јада и Ана Цветановска.



