Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната тетовска гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, продолжуваме да вложуваме во образованието
Јас само сакам да го изразам своето задоволство од ова што денеска го гледаме, за само неколку месеци навистина силна посветена работа и тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и тетовчани и што изминатиов период се дел би рекол од многуте проекти коишто се реализираат во Општина Тетово.
Јас само сакам на учениците и на наставниците коишто ќе учат и работат во овие простории да им посакам многу знаење, успех во работата и во учењето, на тие што ќе работат во работата, на тие што ќе учат во образованието и уште многу успешни тетовчани да произлезат од клупите на ова училиште.
Така што еве уште еднаш нека е со среќа, нека е аирлија и да ни се множат уште многу вакви успешни проекти.



