МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Лицемерието на СДС се отсликува и во ССМ, бараат повисоки плати, а кога ќе ги добијат ги одбиваат  

Лицемерието на СДС се отсликува и во ССМ, бараат повисоки плати, а кога ќе ги добијат ги одбиваат.

СДС и Филипче излегоа со предлог за 600 евра минимална плата, арно ама на следното прашање каде им е предлогот и дали Законот им е технички спремен и од каде ќе најдат средства за истото, Филипче вели – ќе биде. 

ССМ и Трендафилов излегоа со предлог за 600 евра минимална плата и зголемување на платите, арно ама кога им велите дека ќе им го дадете она што го бараат до крајот на мандатот на Владата – не прифаќаат. Зошто? Затоа што се политички заробеници. 

Почитувани граѓани, почитувани работници, 

Ние не ветуваме брда и долини, и не ветуваме чуда. Ние имаме искрен, чесен и достоинствен пристап кон подобрување на стандардот на граѓаните. Она коешто го затекнавме пред околу 2 години, беше уништена економија, дупки во буџетите, исцедени институции и крах на системот. Поради овие лоши економски политики, државата беше на раб на банкрот. 

Но, ССМ и Трендафилов тогаш молчеа и беа неми. Затоа уште еднаш ги повикуваме, да се одважат да го прифатат предлогот на Владата и да го потпишат новиот колективен договор со којшто работниците во април 2026 година, би добиле покачување од околу 15%, или во бројка најмалото, најниското би изнесувало 3580 денари. Со оваа динамика која што Владата може да ја исполни, работниците од јавниот сектор ќе имаат минимална плата од 600 евра во 2028 година.

Линк од видео материјал: https://youtu.be/Ozk1SOq3mL8

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons